back to top
13.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

„Кошот на Јокиќ над Вембањама е потегот на деценијата!“

Други наслови

Познатиот американски новинар Кевин О’Конор е воодушевен од потегот на Никола Јокиќ, со кој српскиот центар го надмудри Виктор Вембањама.

Во исклучително возбудлив натпревар, Денвер го победи Сан Антонио (136:134), а натпреварот го одбележа неверојатниот Никола Јокиќ!

Србинoт повторно беше доминантен, Тој го заврши натпреварот со импресивни 40 поени, осум скока и 13 асистенции.Тој беше клучен играч за својот тим, особено во одлучувачките моменти.

Покрај тоа, тој го изведе познатиот Сомбор Шафл – и постигна поени преку Виктор Вембањама.

Со овој потег тој ја воодушеви спортската јавност, а новинарот Кевин О’Конор го опиша тоа посебно.

Кошот на Јокиќ над Вембањама е еден од најдобрите потези во оваа деценија. И додека сите зборуваат за трката за MVP помеѓу Шеј Гилџус-Александар и Вембањама, мислам дека вечерва добивме потсетник – не го заборавајте Џокерот.

Неговиот колега Џастин Термин додаде:

-Штета што Јокиќ не е малку помлад. Да имавме пред нас 15 години од дуелот помеѓу Вемби и Јокиќ, тоа ќе беше едно од најголемите соперништва на сите времиња. Овие двајца се неверојатни. Ќе уживам во дуелите помеѓу Јокиќ и Вемби сè додека ги гледам.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести