back to top
9.8 C
Skopje
петок, 16 октомври , 2026

Кражба со штета од околу 5 милиони евра на железничката трафостаница во Драчево

Други наслови

Во железничката електрична трафостаница во Драчево, која се наоѓа помеѓу железничките станици Лисица и Драчево, се случила кражба со штета проценета на околу 5 милиони евра, соопшти Министерството за транспорт.

Според министерството, кражбата предизвикала целосно уништување на значителен дел од електричната опрема на железничката инфраструктура.

Сторителите насилно превртеле два големи електрични трансформатори, секој тежок над 30 тони. Од трансформаторите се истурило масло, додека бакарни намотки и други вредни компоненти биле отстранети и украдени.

Покрај тоа, од трафостаницата биле украдени и бакарни жици, шини и бакарни прачки, како и речиси целата опрема и елементи потребни за нејзино работење.

Министерството за транспорт нагласи дека предизвиканата штета е обемна и сериозно ја погодила железничката инфраструктура. Случајот е пријавен кај надлежните органи, кои започнаа истраги за откривање на сторителите и околностите на оваа кражба.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести