back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Крај: Лука Модриќ се пензионира!

Други наслови

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ наскоро ќе ја заврши кариерата.

Како што објави шпанскиот „АС“, познатиот Хрват Лука Модриќ повеќе нема да игра фудбал и се пензионира.

Иако има 40 години, оваа вест е вистинско изненадување за љубителите на овој спорт, а особено за хрватскиот фудбал, бидејќи тоа значи дека Лука Модриќ ќе го игра својот последен турнир на Светското првенство во САД.

Секако, ако ова пишување на Аса е вистина.

Модриќ моментално е член на Милан, познатиот италијански тим кој остана без место во Лигата на шампионите за следната сезона, па затоа и Модриќ се најде на удар на јавноста.

Крај: Лука Модриќ се пензионира!

Миланезите загубија од Каљари и беа силно критикувани по тој пораз.

Лука Модриќ е роден во 1985 година во Задар и ќе наполни 41 година на 9 септември.

Тој ја започна својата кариера во 2003 година во Загребски Динамо, а потоа играше за Тотенхем и Реал Мадрид пред да замине во Милан.

Тој ја освои „Златната топка“ во 2018 година и официјално беше прогласен за најдобар фудбалер на планетата кога ги победи Кристијано Роналдо и Антоан Гризман за оваа престижна награда.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести