Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, во гостување на Канал 10, беше прашан и за протестите на албанските студенти во Македонија, кои бараат воведување на албанскиот јазик во институциите на Северна Македонија. Курти рече дека не може да зборува додека има пратеник од неговите редови, кој веќе е дел од ВЛЕН, партија која е дел од владејачкото мнозинство во РМ.
„Не ми падна на памет дека во оваа фаза, кога го имате пратеникот на Самоопределување во ВЛЕН, јас треба да зборувам. Уште еднаш, нагласувам дека сум повеќе коментатор отколку претставник, бидејќи не сум претставник.“
„Пратеникот сега ја спои својата субјективност и субјективноста на пратеник во Собранието на Северна Македонија во еден ентитет каде што се здружија пет партии. Кога ќе дојде во Косово, тој е Ветевендосје, додека таму е ВЛЕН“, рече Курти, зборувајќи за пратеникот Беким Ќоку, како и за студентските протести.
Инаку, Курти е меѓу лидерите кои не излегоа со поддршка на протестите на студентите-албанци во Северна Македонија, кои бараа испитот по правосудство да се полага на албански јазик, како и целосна имплементација на албанскиот јазик во институциите на Република Македонија.
