back to top
14.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Леброн ја завршува сезоната, а можеби и кариерата: Не знам што ме чека ова лето

Други наслови

Со поразот од утрово против Оклахома Сити, Леброн Џејмс ја заврши сезоната во НБА лигата, а со тоа и многу веројатно кариерата во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, а можеби и кариерата воопшто.

Договорот на 41-годишниот Џејмс со Лејкерси наскоро ќе истече и тој официјално ќе стане слободен агент, а по поразот од Оклахома призна дека е неизвесен за својата иднина.

„Што се однесува до иднината, искрено, не знам. Сè уште ја чувствувам загубата. Навистина не знам што ме чека ова лето“, рече Леброн.

НБА инсајдерите не знаат дали денес беше последен пат кога го видовме Џејмс на НБА паркетот, а тој ќе донесе одлука откако ќе се одмори и ќе разговара со семејството.

Во својот последен натпревар од сезоната, Џејмс постигна 24 поени и 12 скока, а оваа сезона има просек од 20,9 поени, 6,1 скока и 7,2 асистенции по натпревар.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести