back to top
7.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Мажите од генерацијата Z се сè поконзервативни: Тие сакаат враќање на „старите правила“ во врските

Други наслови

Дел од генерацијата Z сè повеќе се наклонува кон традиционалните погледи за односот меѓу мажите и жените, а тоа создава проблем за сите оние кои се борат за родова еднаквост.

Според големо глобално истражување спроведено од Ипсос и Глобалниот институт за женско лидерство, дури 33 проценти од мажите од  генерацијата Z веруваат дека жената во врска треба да му биде подредена на мажот , односно дека мажот треба да го има последниот збор во важните одлуки.

За споредба , тој процент е значително помал кај постарите генерации.

Со други зборови: нешто се менува – но не во насоката во која многумина би очекувале.

Интересно е што овој тренд не е ист насекаде. Во некои земји, како што се Индонезија и Малезија, ваквите ставови се доминантни, додека во САД и Велика Британија тие се многу помалку изразени. Но, она што е заедничко е дека помладите мажи ги поддржуваат традиционалните родови улоги почесто од постарите мажи .

И тука доаѓаме до контрадикција.

Од една страна, истите испитаници велат дека успешните и остварени жени им се привлечни. Од друга страна, некои од нив веруваат дека жената „не треба да се однесува премногу независно“. Накратко – тие сакаат модерен партнер, но во традиционална рамка .

Мажите од генерацијата Z се сè поконзервативни: Тие сакаат враќање на старите правила во врските

Темата за машкоста исто така не беше поштедена.

Истражувањата покажуваат дека значителен број млади мажи сè уште веруваат дека одредени однесувања се „немажествени“ – како што се отвореното покажување емоции или активното учество во грижата за децата. Ова укажува дека притисокот од општествените очекувања влијае не само на жените, туку и на мажите.

Директорот за истражување Хиџун Чонг истакнува дека зад овие ставови често стои чувство на несигурност – особено економска. Традиционалната улога на мажот како „хранител на семејството“ станува сè потешко да се постигне, што создава фрустрација и потреба за „враќање на контролата“ кај младите мажи.

Во овој вакуум, просторот е окупиран од онлајн заедници познати како „маносфера“ – дигитален свет во кој се промовираат ригидни и често екстремни ставови за врските и полот. Нивното влијание е дополнително зајакнато од алгоритми и инфлуенсери кои ги туркаат таквите идеи во преден план.

Поранешната австралиска премиерка Џулија Гилард предупредува дека ваквите трендови не се безопасни. Проблемот не е само во очекувањата што им се поставуваат на жените, туку и во фактот што мажите се затвораат во тесни рамки за тоа „како треба да изгледаат и да се однесуваат“.

Во превод: обете страни губат.

Мажите од генерацијата Z се сè поконзервативни: Тие сакаат враќање на старите правила во врските

Иако постојат позитивни сигнали – како што е поддршката за поголемо учество на жените во политиката – истражувањата покажуваат дека борбата за еднаквост не е завршена. Напротив, таа влегува во нова, посложена фаза.

Бидејќи денешните односи повеќе не се борба помеѓу „традиционалното“ и „модерното“ – туку обид да се најде рамнотежа помеѓу тие два света.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести