back to top
15.8 C
Skopje
сабота, 10 октомври , 2026

Маж живеел во хотел повеќе од една година БЕЗ ПЛАЌАЊЕ: Сметката надминала 100.000 евра

Други наслови

Маж на средна возраст наводно живеел во хотел во Берлин повеќе од една година без да ја плати сметката. Трошокот, кој надминува 100.000 евра, според обвинителството, не е сè уште решен.

Обвинетиот однапред го планирал својот живот во хотелот. Сега се соочува со обвиненија за измама. Во април 2023 година, еден маж изнајмил соба во берлинскиот кварт Трептов-Кепеник за својата партнерка, две деца и за себе.

Потоа се пожалил во хотелот дека неговата приколка изгорела и дека боледува од рак, што не било вистина. Тој исто така тврдел дека автомобилскиот клуб ќе ги покрие трошоците, што не се случило. Во август 2024 година, тој го напуштил хотелот без да го плати долгот.

Човекот беше уапсен во март оваа година, но набрзо беше ослободен за да се брани од слобода. Тој беше обвинет за измама, а случајот привлече големо внимание во јавноста поради начинот на кој, според обвинителството, успеал да го измами хотелот и да избегне плаќање со месеци.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести