back to top
14.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Манчестер Јунајтед го доведе првото засилување за новата сезона: Едерсон пристигна на „Олд Трафорд“

Други наслови

Манчестер Јунајтед се согласи да го потпише своето прво засилување за следната сезона.

Бразилскиот играч од средниот ред Едерсон (26) пристигнува на „Олд Трафорд“ од Аталанта, а Јунајтед плати 45 милиони евра за него.

Целосно име Едерсон Хозе дос Сантос Лоуренсо да Силва, тој ќе потпише четиригодишен договор со Јунајтед, кој официјално ќе стапи на сила на 1 јули.

Бразилецот дојде во Аталанта пред четири години од Салернитана за 23 милиони евра и на 180 натпревари постигна 16 гола и асистираше 6 пати.

Тој има три настапи за бразилската репрезентација, но нема да биде дел од тимот што ќе игра на Светското првенство.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести