back to top
5.8 C
Skopje
сабота, 28 ноември , 2026

Марта Кос го откри можниот датум за влез на Албанија во ЕУ! Рама: Тоа не е школување

Други наслови

Комесарката за проширување Марта Кос за можното пристапување на Албанија во ЕУ во 2030 година.

Еврокомесарот за проширување Марта Кос вчера изјави дека Албанија би можела да стане членка на Европската Унија до 2030 година, додека договорот за пристапување би можел да биде потпишан во 2028 година, доколку реформите продолжат со планираното темпо и земјите-членки дадат согласност во сите фази од процесот.

Кос, која беше на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рам, изјави дека Албанија би можела да биде блиску до крајот на преговорите за членство уште на крајот на следната година, пренесува „Еуроњуз Албанија“.

Според неа, доколку се постигнат резултати во спроведувањето на реформите и земјите-членки дадат зелено светло, следниот чекор би бил формирање работна група за изготвување на пристапниот договор.

„Доколку сè оди добро, договорот би можел да биде потпишан во 2028 година. Во зависност од процесот на ратификација и визијата на вашата влада и граѓаните, Албанија би можела да стане членка на Европската Унија до 2030 година“, рече Кос.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека процесот на пристапување кон ЕУ нема однапред одреден рок, бидејќи зависи не само од исполнувањето на обврските на земјата кандидат, туку и од едногласната одлука на сите 27 земји-членки на Унијата.

Тој го спореди процесот на европска интеграција со образованието, нагласувајќи дека членството не може да се гледа како школување кое има однапред одреден датум на завршување.

„Во текот на претходните години, Албанија се соочи и со политички пречки во процесот на европска интеграција“, рече Рама, истакнувајќи дека некои земји-членки го блокираа напредокот и покрај позитивните оценки на Европската комисија за спроведените реформи.

Според него, европската интеграција претставува можност за Албанија да ги подобри своите институции и да изгради држава што подобро ќе ги задоволи потребите на своите граѓани.

Рама рече дека Албанија ќе продолжи да ги исполнува своите обврски од процесот на пристапување, без оглед на фактот дека конечниот датум на членство не зависи само од одлуките на Тирана.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести