back to top
16.8 C
Skopje
недела, 20 септември , 2026

Масовен руски напад врз Одеса: Оштетени згради, повредени 18 лица!

Други наслови

Најмалку 18 лица се повредени во масовниот напад во Одеса, а оштетени се и станбени згради, социјални и комерцијални објекти , соопштија украинските власти.

Според изјавите на началникот на воената администрација на Одеса, Серхиј Лисак, погодени се станбени блокови во неколку градски области, а избувнале пожари во повеќекатници и во приватни куќи, објави Укринформ.

Најголема штета е регистрирана во Приморскиот округ.

Оштетени се и детска градинка, трговски центар, хотел, административни згради, како и возила на паркинзите, а во некои делови од градот беа погодени и инфраструктурата и складиштата .

Според полицијата и регионалните власти, меѓу повредените има и малолетно лице, а неколку лица се во сериозна состојба , вклучувајќи пациенти на интензивна нега.

Спасувачките служби, вклучувајќи повеќе од 200 лица, учествуваа во гаснењето пожари и операциите за пребарување и спасување.

Исто така, на терен беа ангажирани психолози за да им обезбедат поддршка на населението, вклучително и на децата.

Властите соопштија дека многу цели се уништени или оштетени, додека операциите за чистење и проценките на штетите продолжуваат .

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести