back to top
3.8 C
Skopje
недела, 4 октомври , 2026

Мајка во Струга ги оставила децата да спијат во автомобилот додека таа била на работа

Други наслови

На 09.06.2026 година во 00:03 часот во Полициската станица Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С. (41) ги оставила нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека таа одела на работа.

Со овластување на јавен обвинител, полициски службеници презедоа мерки и ги затекнаа децата како спијат во возилото паркирано на подземен паркинг на улицата Владо Малески. Децата беа предадени на нивниот татко В.С.

Се преземаат мерки за расветлување на случајот и откако ќе биде целосно документиран, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести