back to top
21.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Мајкл Даглас откри како познатиот кошаркар му ја „крадел“ девојката: „Постојано доаѓаше кај неа“

Други наслови

Мемоарите на Мајкл Даглас продолжуваат да бидат актуелна тема, а најинтересните детали се поврзани со неговиот љубовен живот и бракот со Кетрин Зета-Џонс.

Кога Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс штотуку започнуваа и се обидуваа да ја продолжат својата романса на далечина, актерот имаше конкуренција многу поблиску до дома – неговиот сосед Коби Брајант .

Откако се запознале во Франција во 1998 година, на двојката им било тешко да поминуваат време заедно бидејќи Даглас живеел во Њујорк додека актерката, тогаш 29-годишната ѕвезда од „Маската на Зоро“, била во Лос Анџелес.

„Таа имаше куќа во населбата Палисејдс, веднаш под куќата на Коби Брајант“, напиша актерот во своите нови мемоари, „One Helluva Ride“.

Мајкл Даглас открива како познатиот кошаркар му ја украл девојката: Постојано доаѓал кај неа ФОТО

Во тоа време, НБА ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс сè уште не ја беше запознал Ванеса Лејн, со која ќе се ожени две години подоцна, во 2001 година.

„Коби секогаш наоѓаше изговори за да дојде во куќата на Кетрин“, се сеќава Даглас, кој е 25 години постар од актерката. „Не сум сигурен колку пати го „изгубил кучето“, но тоа се случувало многу пати!“

Мајкл Даглас открива како познатиот кошаркар му ја украл девојката: Постојано доаѓал кај неа ФОТО

Актерската кариера на Зета-Џонс беше во подем, а снимањето филмови како „Замок“ со Шон Конери и „Хај Фиделити“ со Џон Кјузак честопати ја носеше далеку од Лос Анџелес – а со тоа и од Брајант.

„Но, почнавме да разговараме по телефон прилично редовно сè додека конечно можевме повторно да се видиме“, рече Даглас.

Двојката се сврши на Нова Година 1999 година, пет месеци пред Брајант да ѝ предложи брак на Ванеса Лејн во мај 2000 година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести