back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

МВР: Има резерви на обрасци за возачки дозволи, не е вистина дека има недостиг

Други наслови

Министерството за внатрешни работи ги негираше тврдењата за недостиг на обрасци за возачки дозволи, нагласувајќи дека институцијата има доволно резерви за следните три години.

Според Министерството за внатрешни работи, нема недостиг и процесот на добивање возачка дозвола се одвива нормално.

Министерството за внатрешни работи остро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостиг на обрасци за возачки дозволи. На јавноста ѝ се става до знаење дека нема недостиг, напротив, Министерството за внатрешни работи обезбедило резерви кои се доволни за следните три години.

Закажувањето за фотографирање на граѓаните се закажува во рок од само еден ден, додека возачките дозволи се подготвуваат и издаваат во рок од неколку дена, многу порано од рокот утврден со закон.

„Апелираме да не се шират дезинформации што создаваат забуна кај граѓаните“, велат од Министерството за внатрешни работи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести