back to top
13.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Медведев иронично коментира за нападите на САД и Израел врз Иран: „Миротворецот е повторно тука“

Други наслови

Поранешниот руски претседател и сегашен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, се огласи по американско-израелските напади врз Иран и иронично ги нарече Американците „миротворци“.

Во коментар на мрежата X, Медведев рече дека разговорите со Иран се само прикривање.

„Миротворецот е повторно тука. Разговорите со Иран беа само параван. Сите го знаеја тоа. Па кој има повеќе трпение да го чека тажниот крај на непријателот сега? САД се стари само 249 години. Персиската империја е основана пред повеќе од 2.500 години. Да видиме што ќе се случи за околу сто години…“, рече Медведев.

По израелско-американските напади врз Техеран и други ирански градови, Иран возврати со напади врз територијата на Израел, но и врз базите на Соединетите Американски Држави низ целиот Блиски Исток.

Досега не се пријавени поголеми штети, а двете страни изјавија дека нападите ќе продолжат и во наредните денови.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести