back to top
10.8 C
Skopje
недела, 22 ноември , 2026

Меланија Трамп откри што му советува на својот син за врските: „Јас сум многу кул мајка“

Други наслови

Првата дама на САД, Меланија Трамп, во новата документарна серија „Меланија: Серијата“ откри какви совети му дава на својот син Барон кога станува збор за врски и девојки.

Серијата од две епизоди премиерно се прикажа на „Прајм Видео“ во петок. Еден сегмент од интервјуто се фокусира на 20-годишниот Барон, кој е студент на Универзитетот во Њујорк (NYU).

Режисерот Брет Ратнер ѝ кажал на Меланија дека ќерките на неговите пријатели се вљубени во нејзиниот син, кој е висок 2,01 метри. Тој додал дека тие велат дека сакаат да одат на ЊУЈ само за да бидат блиску до него. Потоа ја прашал каков совет има за Барон.

Меланија се насмеа, а потоа одговори со посериозен тон: „Секогаш велам, знаете, светот е опасен, бидете внимателни.“

Првата дама додаде дека има многу отворена комуникација со својот син за животот и дека не сака да го контролира.

„Секогаш кога ќе му треба мој совет или мое мислење, јас сум тука за него. Јас сум многу кул мајка за Барон и постојано го потсетувам тоа. Тој е мој приоритет и секогаш ќе биде мој приоритет“, рече таа со смеа.

Како што пишува „Дејли бист“, Меланија не сакала да потврди дали Барон има девојка во серијата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести