Месечината во Водолија носи емоции кои се различни, непредвидливи и честопати многу длабоки, иако на прв поглед не изгледа така. Оваа позиција на Месечината носи добар период за Водолија, Вага и Близнаци.
Месечината утре влегува во Водолија , каде што ќе остане околу три дена. Овие луѓе ретко сакаат драматични емоционални испади и често се обидуваат да го стават разумот пред чувствата, но токму нивната внатрешна слобода е она што ги води низ животот.
Тие имаат потреба да бидат свои, да не бидат задушени или ограничени од никого, па дури и во љубовта бараат простор, пријателство и ментална поврзаност.
Оригиналност
Месечината во Водолија дава оригиналност, бунтовен дух и потреба човекот да биде посебен. Тие често се опкружени со различни луѓе, се заинтересирани за необични теми, технологија, астрологија, психологија или сè што оди подалеку од просекот.
Иако изгледаат ладни или дистанцирани, имаат голема човечност и желба да им помогнат на другите, но не ги покажуваат своите емоции на класичен начин.

Плановите се менуваат брзо
Нивните расположенија можат ненадејно да се променат, исто како и нивните планови. Еден ден сакаат целосна блискост, а следниот сакаат повлекување и тишина. Токму затоа на другите често им е тешко да ги разберат.
Тие не толерираат посесивни луѓе или емоционална уцена, а најмногу ги привлекуваат врски каде што има слобода, искрен разговор и чувство дека можат да бидат автентични без да се преправаат.
Оваа положба на Месечината често носи силна интуиција и чувство дека човекот може да ја почувствува иднината. Нивната енергија е различна, магнетна и малку мистериозна, поради што луѓето или веднаш ги сакаат или никогаш целосно не ги разбираат.
