Замрзнувањето месо е вообичаена практика, но експертите предупредуваат дека ниските температури не значат неограничен рок на траење.
Секој вид месо има свој препорачан рок на траење во замрзнувачот. Говедското месо може да се чува до 9 месеци, свинското околу 4 месеци, телешкото и јагнешкото до 6 месеци, додека пилешкото и белото месо остануваат добри од 6 до 9 месеци.
Меленото месо не треба да се замрзнува подолго од 4 месеци, а колбасите и сличните производи треба да се употребат во рок од 2-3 месеци. Дивечот може да се чува до 10 месеци.
Правилниот метод на одмрзнување е клучен, најдобро е месото да се одмрзнува во фрижидер, а не на собна температура, за да се спречи развојот на бактерии. Исто така, месото треба да биде добро спакувано пред да се стави во замрзнувач, за да се избегне сушење и губење на вкусот. Обавезно означете го датумот на замрзнување за да го следите рокот на траење.
