back to top
5.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Место каде што грижите исчезнуваат – Овој град е прогласен за најсреќен во светот

Други наслови

Мексиканскиот град Тулум, со максимални 100 поени, се најде на врвот на светската листа на најсреќни места на планетата.

Постојат локации каде што треба да поминете само неколку часа за да почувствувате бран олеснување, без разлика дали е тоа поради мирисот на морето, побавното темпо на живот или автентичната локална кујна.

Истражувањето на осигурителната компанија JustCover се обиде да го измери ова чувство на среќа преку анализа на повеќе од милион прегледи на патници од 155 глобални дестинации. Со анализа на клучни зборови што опишуваат радост и задоволство на одмор, беше формиран индексот „Скор за среќно место“, каде што максималниот број на поени е 100.

Најсреќниот град во светот е Тулум  во Мексико и единствениот што ги постигнал максималните 100 поени. Овој  бисер на полуостровот Јукатан се наоѓа околу 130 километри јужно од Канкун и ги комбинира зачуваните мајански руини на карпите над Карипското Море со развиена велнес и гастрономска сцена, познати природни извори и луксузни кампови во тропска средина.

Топ 10 најсреќни дестинации

◾️Тулум (Мексико) – 100

◾️Soufriere (Света Луција) – 95,2

◾️Оахака (Мексико) – 88

◾️Лас Вегас (САД) – 88

◾️Мауи (Хаваи, САД) – 84,6

◾️Њујорк (САД) – 81,5

◾️Кападокија (Турција) – 77,5

◾️Рио де Жанеиро (Бразил) – 75,2

◾️Чикаго (САД) – 74

◾️Торонто (Канада) – 71,4

Податоците покажуваат дека искуството на среќа на патувањата не зависи исклучиво од изолираните песочни плажи, туку дека и метрополите со богат ноќен живот и културни објекти добиваат високи оценки.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести