back to top
11.8 C
Skopje
вторник, 13 октомври , 2026

МЗ: Ќе се формира тим за рана дијагностика и третман на нарушувањата во спиењето

Други наслови

Од Министерството за здравство информираат дека започнуваат првата иницијатива во нашиот здравствен систем за формирање мултидисциплинарен тим кој ќе се посвети на рана дијагностика и третман на нарушувањата во спиењето.

-Тимот ќе ги обедини специјалистите од пулмологија, неврологија, психијатрија, ендокринологија, кардиологија, оториноларингологија и анестезиологија, со цел да се воспостави современ, интегриран пристап кон пациентите со вакви проблеми.

Според меѓународните проценки, околу 10–30% од возрасната популација се соочува со проблеми со спиењето, додека 6–12% имаат хронична несоница (инсомнија), а 6–17% – нарушувања како опструктивна апнеа на спиење, информираат од Министерството за здравство.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести