back to top
20.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Милошоски: Вториот протокол крие нови бугарски блокади, уставните измени не се единствениот услов

Други наслови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вели дека додека бил претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, постојано испраќал писма до тогашниот премиер, Димитар Ковачевски, и до поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, со барање вториот протокол да им се презентира на пратениците и да се дискутира на затворена седница, но, како што рече, тоа не се случило и дека содржината останала недостапна за јавноста.

„Веќе не е тајна и може да се види преку тој втор протокол дека се преземени поголеми обврски, односно на бугарската страна ѝ се дадени поголеми можности, преку давање или недавање согласност за работата на комисијата за историја или за проценки во други сектори како што се образованието, учебниците и слично, да се создадат услови за воспоставување блокади на патот кон европската интеграција“, рече Милошоски.

Според него, одредени политички актери, меѓу кои и поранешниот министер Бујар Османи и лидерот на СДСМ Венко Филипче, се обиделе да ги претстават уставните измени како единствен и еднократен услов, без дополнителни барања, но посетата на Софија покажа дека уставните измени не се единствениот услов на кој инсистира бугарската страна во однос на напредокот на Македонија во процесот на европска интеграција.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести