back to top
30.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Минималната исплата за К-15 во приватниот сектор е 18.141 денари, додека државните административци ќе добиваат 12.372 денари

Други наслови

До крајот на календарската година, работодавачите ќе бидат обврзани да исплаќаат надомест за одмор.

Минималниот износ за исплата на регрес за годишен одмор, според законот, е утврден на 40% од просечната исплатена плата, а за оваа година износот во приватниот сектор е 18.141 денари, додека за јавниот сектор износот е 12.372 денари.

Според законот, работодавците мора да платат К-15 до 31 декември.

Доколку вработените не го добиваат законскиот минимум за К-15, можат да го пријават тоа во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.

Регресот за одмор се исплаќа еднаш во текот на календарската година, а регресот за одмор е задолжителен за работодавачите од приватниот сектор и тие мора да им го исплатат на вработените кои работеле за нив (кај истиот работодавач) најмалку 6 месеци во текот на календарската година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести