back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Министерството за правда за екстрадицијата на Никола Николаев: Постапуваме во согласност со меѓународните закони и договори

Други наслови

Министерството за правда објавува дека постапува исклучиво согласно меѓународните закони и договори во врска со случајот на поранешниот премиер Никола Груевски и дека се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзина правилна обработка.

Министерството наведува дека собирањето информации од надлежните судови има за цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошни дејствија.

„Министерството нема овластување да ги преиспитува конечните одлуки на судот, но е должно да постапува по нив“, се вели во соопштението.

Во исто време, тие нагласуваат дека сите постапки се спроведуваат преку институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или квалификации.

Министерството додава дека останува посветено на владеењето на правото и почитувањето на правниот поредок.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести