back to top
30.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Мицкоски за Законот за правична застапеност: Процесот е целосно во согласност со Уставот

Други наслови

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новото законско решение за правична застапеност е целосно во согласност со Уставот и дека ги добило сите позитивни препораки од Венецијанската комисија.

Тој нагласи дека подзаконските акти ќе го утврдат механизмот за негово спроведување, додека Владата ќе формира тело кое ќе го следи спроведувањето на законот.

Во врска со критиките за укинувањето на балансерот, Мицкоски рече дека тие се политички мотивирани, нагласувајќи дека токму партиите што моментално се во опозиција претходно оцениле дека балансерот ја надминал својата функција и дека треба да се замени со нов модел за фер застапеност.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести