back to top
8.8 C
Skopje
петок, 25 септември , 2026

Мицкоски: Зголемувањето на индустриското производство од 3,4% во вториот квартал е показател дека состојбата се стабилизирала

Други наслови

Во однос на зголемувањето на индустриското производство, премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, нагласи дека растот од околу 3,4% во вториот квартал е показател дека, по 25-26 месеци од оваа влада, состојбата конечно се стабилизирала и дека овој тренд треба да продолжи и во наредниот период.

„Индустриското производство, под овие услови, е исклучително важен индикатор и неговиот раст, особено во вториот квартал, кој е над 3%, мислам дека е околу 3,4%, но уште порадосен е фактот што преработувачката индустрија бележи раст.“

Значи, овој раст не се базира на услуги или нешто друго, туку имаме раст во преработувачката индустрија. Овие индикатори се првите индикатори што покажуваат дека, по овие 24, 25-26 месеци од оваа влада, конечно пристигнуваат позитивни вести, или поточно, состојбата конечно се стабилизира, која мора да продолжиме да ја развиваме и зголемуваме.

Затоа, во наредниот период очекувам ова да продолжи да се случува“, нагласи Мицкоски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести