back to top
18.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Мицкоски: Му честитав на Радев, со нетрпение очекувам да разговараме за сите теми

Други наслови

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува подобрување на односите со Бугарија, а тоа го припишува на, како што рече, „котистите“ од СДСМ кои, според него, им служат на странски интереси и ги продаваат националните интереси на Македонија за „жолти елеци“.

Мицкоски изјави дека не гледа пречка да го покани бугарскиот премиер Румен Радев на состанок за да се разговара за сите прашања.

„Што се однесува до г-динот Радев, кога победи, му се јавив следниот ден наутро, му честитав и му посакав успешни соседски односи и се надевам дека со оваа влада ќе можеме да ги подобриме соседските односи и да разговараме за темите за кои треба да разговараме“, рече Мицкоски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести