back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Мицкоски: Оваа влада го зголеми БДП повеќе за две години отколку што го зголемија СДСМ за шест години

Други наслови

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница за прашања од пратениците, одговарајќи на обвинувањата на Венко Филипче за зголемување на јавниот долг, нагласи дека ако се направи споредба со владата на СДСМ, оваа влада, со три пати помал долг, за три пати пократок период, остварила 140 милиони долари повеќе БДП во номинален износ.

„Во ред е што водите кампања, во ред е што цензурирате коментари на социјалните мрежи, во ред е што ви поставуваат конкретни прашања, а не одговарате на објективни прашања од платформата на партијата, но тука ќе мора да ги слушнете реалните факти и бројки, а тие се следниве: кога зборувате за јавен долг, имате некои економисти околу вас, тие ќе ви дадат одговор што значи зголемување на јавниот долг, но во исто време што значи зголемување на номиналниот БДП.“

„Ќе се обидам да ви објаснам. Во ерата на СДСМ, од 1 јануари 2018 до 31 декември 2023 година, јавниот долг од 4,78 милијарди евра се зголеми на 8,47 милијарди евра или нето износ од 3,69 милијарди евра. Владата на ВМРО-ДПМНЕ што ја водам за две години, како што велите, од 9 милијарди и 619… нека биде 11 милијарди евра како што велите, тоа се 1,381, или 1 милијарда и 381 милион, приближно 2,8 – 3 пати помалку од она што сте го позајмиле“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде и дека и покрај големиот долг и периодот од 6 години, владата на СДСМ успеала да го зголеми номиналниот БДП за 4,52 милијарди долари, а оваа влада, со три пати помал долг, го зголемила номиналниот БДП за 4,66 милијарди долари.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести