Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да прифатат изборна единица, како и барањата на Левицата за зголемено финансирање на кампањата за помалите партии, доколку тоа овозможи донесување на новиот Изборен законик.
Тој рече дека на вчерашниот состанок на партиите во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ повториле дека гласањето на дијаспората останува стратешка цел, но според него, некои партии излегле со ставови што не оставаат простор за компромис.
„Нашиот став е јасен. Ако сакаат повеќе пари, нека има помалку за нас, а повеќе за нив. Тогаш ќе се договориме и за изборна единица. Подготвени сме да ги прифатиме сите барања на СДСМ и неговите коалициски партнери“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека демократијата значи донесување одлуки со мнозинство, а не со консензус, оценувајќи дека барањето за државен консензус не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ.
