Брачниот пар Кејт (29) и Дејвид Бебиџ (28) го привлекоа вниманието на јавноста откако отворено проговорија за својата врска и начинот на кој одлучија да ја поминат првата вечер по свадбата.
Како што тврдат, дури и за време на подготовките за свадбата, тие разговарале за различни идеи за првата брачна ноќ, а на крајот решиле да ја поминат во друштво на една од пријателките на Кејт.
Кејт објасни дека тоа не е ново искуство за нив и дека се шегувале за таа можност додека ја планирале прославата.
– Ова не е прв пат да спиеме со мојата пријателка, која беше меѓу моите деверуши на свадбата. Разговаравме за потенцијални сценарија за свадбената ноќ, а бидејќи имаше многу наши пријателки кои делат сличен животен стил како нас, се пошегувавме дека можеме да направиме оргија на свадбата. Сакавме ноќта да биде спектакуларна, па поканивме кума “, рече Кејт низ смеа.
Откако свадбената прослава заврши и повеќето гости си заминаа, тројцата ја продолжија вечерта во приватност.
– Кога гостите почнаа да си одат, отидовме со пријателката на Кејт во собата и пробавме неколку игри, претежно работи што ги правевме и претходно. Не е дека ја оцрнивме институцијата брак, секој ја разбира различно – објасни Дејвид.
Двојката наведува дека со години го практикуваат овој начин на живот и дека нивната врска се темели на меѓусебна доверба и искреност од самиот почеток. Сепак, Кејт признава дека поради нејзините животни избори, нема поддршка од најблиските членови на семејството, што ѝ било особено тешко на денот на нејзината свадба.
– Не ме интересира што мислат другите за мојот животен стил. Живеј и остави ги другите да живеат. Ова не е за секого, но ако си заинтересиран и твојата врска е солидна, зошто да не. Сепак, ми беше тешко на свадбата бидејќи моето семејство не беше таму, немаше татко кој требаше да ме однесе до олтарот. Без разлика на сè, за мене нема враќање назад. Единственото нешто што морам да го признаам е дека се срамевме кога се разбудивме, немавме храброст да се погледнеме, можеби затоа што е првата брачна ноќ – рече Кејт.
Зборувајќи за тоа како почнале да експериментираат во врската, тие рекоа дека сè започнало со разговор во спалната соба, кога Дејвид првпат ја спомнал својата долгогодишна фантазија. Иако претходно биле задоволни од својата врска, решиле да истражат нешто ново заедно.
Кејт вели дека првиот чекор не ѝ бил лесен и дека на почетокот се чувствувала многу нервозно.
– Првиот пат бев многу нервозна, но колку подолго размислував за тоа, толку повеќе се опуштав бидејќи сфатив колку Дејвид ми верува. Сепак, ни требаше долго време да ја најдеме првата партнерка за „тројката“. Разменив многу ласцивни пораки со разни мажи, а Дејвид го имаше последниот збор. На крајот на краиштата, ова беше негова фантазија – заклучи Кејт.
