Белгискиот премиер дури и не се сврте, туку веднаш ја коментираше ситуацијата.
Бројни европски претставници и украинскиот претседател Володимир Зеленски се состанаа во Берлин, каде што разговараа за продолжување на помошта за Украина.
Сепак, вниманието по средбата не го привлекоа само политичките разговори, туку и необичната ситуација во која главните улоги ги играа албанскиот премиер Еди Рама и неговиот белгиски колега Барт де Вевер.
Додека Де Вевер разговараше со новинарите по состанокот, Рама му се приближи одзади и одеднаш го прегрна.
Белгискиот премиер дури и не се сврте, туку веднаш ја коментираше ситуацијата.
„Мора да е Албанец. Тој секогаш се приближува одзади“, рече Де Вевер, предизвикувајќи смеа кај присутните.
