back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Морничави сцени во руски циркус: Тигар скокнал од арената во публиката 

Други наслови

Истражните органи на Руската Федерација денес објавија дека е покрената истрага по наводите дека тигар скокнал од арената за време на циркуска претстава кон публиката во Ростов на Дон, а според достапните информации, никој не е повреден.

Истрагата е организирана по медиумските извештаи за инцидентот што се случил во областа Ворошилов во градот, соопшти прес-службата на Истражниот комитет на Русија за Ростовскиот регион, објави руски Интерфакс.

Според извештаите, за време на претставата, тигарот скокнал од арената во правец на гледачите, но никој од посетителите не бил повреден, а животното веднаш било фатено и вратено во кафезот.

Истрага води и обвинителството на Ростовската област, кое објави дека инцидентот се случил за време на претстава на патувачки циркуски уметник со диви животни.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести