Речиси четири децении, Жозе Мурињо ја сакаше жената за која вели дека е „шефицата на неговото семејство“.
Славниот Жозе Мурињо се смета за една од најгласните и највлијателните личности во светот на фудбалот повеќе од 20 години. Сепак, жената која, како што вели тој, има „најголемо влијание“ врз него отсекогаш водела многу позатскриен живот. Во текот на сите претходни години заедно, овој пар ја чувал својата приватност за себе , а сопругата на Мурињо никогаш претерано не се истакнувала во медиумите.
Она што е познато е дека двајцата се во брак 37 години.
Која е сопругата на Жозе Мурињо, Матилда Фарија?
Матилда Фарија го следеше Мурињо во текот на целата негова тренерска кариера – од Бенфика, Униао де Леирија и Порто, преку Челзи, Интер и Реал Мадрид, потоа назад во Челзи, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Рома, Фенербахче, назад во Бенфика, па сè до неговиот втор мандат на клупата на Реал Мадрид.
Таа е родена во Ангола, а пораснала во португалскиот град Сетубал, јужно од Лисабон, каде што е роден Жозе Мурињо и каде што денес една улица го носи неговото име, пишува „Сан“.

Нејзиното семејство ја нарекува Тами, а таа го запознала Мурињо како тинејџерка . Тие се венчале во 1989 година, долго пред тој да стане тренер на професионален клуб.
Во мај 2014 година, на истиот ден кога Мурињо беше назначен за амбасадор на Светската програма за храна на Обединетите нации во борбата против гладот, Матилда стана специјален амбасадор на програмата за исхрана на учениците. Нејзината улога беше да промовира проект кој обезбедува бесплатни училишни оброци за околу 24 милиони деца годишно.

Мурињо еднаш отворено зборуваше за тоа кој е главен во нивниот дом.
„Мојата сопруга, мојот син и мојата ќерка имаат најголемо влијание врз мене. Тие се шефови и контролираат сè во куќата“, рече тој во 2015 година.
Тој додаде дека семејството игра важна улога при донесувањето на големи животни одлуки.
„Кога треба да одлучам каде ќе живеам, каде ќе работам или кога е време за промена, нивното влијание е огромно .“
Откако Англија го отпушти Стив Мекларен поради неуспехот да се квалификува за Евро 2008, Мурињо, кој штотуку го напушти Челзи, беше меѓу главните кандидати за функцијата менаџер.
Во 2014 година, тој призна колку бил блиску до работата.

„Бев речиси, речиси, речиси селектор на Англија. Мојата сопруга беше во право. Ми рече да не ја прифаќам работата.“
Сепак, тој сметаше дека репрезентативниот фудбал не е за него .
„Едвај чекам две години за големо натпреварување. Не можам да поминам две години играјќи против Казахстан и Сан Марино.“

Во среќен брак, тие имаа две деца
Хозе и Матилда имаат две деца . Ќерката Матилда, која семејството ја нарекува Тита, е родена во 1996 година, додека синот Хозе Марио Џуниор, познат како Зука, е роден во 2000 година.

Во 2013 година, Мурињо ги истетовира имињата на својата сопруга и нивните две деца на левиот зглоб.
Поради работата на нивниот татко, децата пораснале низ цела Европа. Матилда еднаш открила дека променила дури 11 училишта пред да се запише на факултет.
Хозе Марио Џуниор ги следеше стапките на својот татко во фудбалот, но како голман. Тој помина низ младинските школи на Реал Мадрид и Челзи, а во 2016 година потпиша двегодишна стипендија со Фулам.
Нивната ќерка ги завршила магистерските студии на Колеџот за мода и дизајн „Конде Наст“ во Лондон и денес води свој бренд за накит. Таа се омажила за консултантот за недвижности Дени Греам на 12 октомври 2024 година, на семејниот имот во Азеитао, веднаш надвор од Сетубал.
Двојката се запознала како тинејџери во Лондон, но тој ѝ предложил брак речиси десет години подоцна , за време на одмор во Португалија.
