back to top
14.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Најмалку 54 лица повредени, а 18 се водат како исчезнати по експлозија во Рас Лафан

Други наслови

Министерството за внатрешни работи на Катар објави дека 54 лица се повредени, а 18 се водат како исчезнати по експлозија во индустрискиот град Рас Лафан.

Рас Лафан е меѓу главните капацитети за производство на течен природен гас во регионот и веќе беше цел на напади за време на отворениот конфликт меѓу САД и Израел, од една страна, и Иран, од друга страна.

Катарските власти не објавија дополнителни детали за причината за експлозијата или околностите под кои се случил инцидентот.

Потрагата по 18 исчезнати лица е во тек, додека властите продолжуваат да го утврдуваат обемот на инцидентот.

Сè уште не е познато во каква состојба се повредените, ниту пак каде точно во индустрискиот град Рас Лафан се случила експлозијата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести