back to top
9.8 C
Skopje
петок, 25 септември , 2026

Нестле инвестира 330 милиони евра: Гради нова фабрика и создава 100 работни места

Други наслови

Швајцарската компанија „Нестле“ денес објави дека до 2028 година ќе инвестира вкупно 310 милиони швајцарски франци (околу 330 милиони евра) во својот бизнис за исхрана и здравје во Бразил, вклучувајќи ја и изградбата на нова фабрика за храна за бебиња.

Компанијата ќе издвои околу 94 милиони франци за новата фабрика во градот Итуиутаба, а почетокот на производството е планиран за вториот квартал од 2028 година, пренесува Swiss info. 

Фабриката ќе ги снабдува бразилските и извозните пазари, а се очекува отворање на околу 100 нови работни места. 

„Нестле“ дополнително ќе инвестира во постојната фабрика во градот Арасатуба, каде што произведува храна за бебиња, медицинска храна и храна за возрасни. 

Инвестицијата е дел од стратегијата на компанијата за зајакнување на сегментот за исхрана и здравје, кој сочинува околу 20 проценти од вкупниот промет на „Нестле“. 

Компанијата претходно во јули објави дека ќе инвестира 520 милиони франци (562 милиони евра) во изградба на фабрика и логистички центар за храна за домашни миленици во италијанскиот град Мантуа.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести