back to top
12.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

„Не! Бебе е, не можете да го јадете!“: Сцената со мигрантите од Сеута го згрози целиот свет, Шпанците покренаа петиција (видео)

Други наслови

Мигрантите во шпанската енклава 
Сеута се соочуваат со обвинувања дека фатиле бебе делфин како плива во плитките води и го удриле со стап, кое на крајот умрело , пишува  Дејли Меил.

Локалното население се судрило со група мажи кои го опколиле малиот цицач, а потоа го кренале над своите глави. 
Инцидентот, наводно, го видел локален работник кој се обидел да интервенира. Тој ја предупредил групата да не го удираат или допираат животното и им советувал да се јават во службата за спасување и грижа за животни.

„Тукушто фатија делфин, тоа е делфин, не можете да го допрете.“ , се слуша како вели тој, додека мажите го креваат телото на животното над главите. Дел од групата се смее и навива, на што тој додаде:

„Не, не, не, не, не можеш да го направиш тоа, не, кучкин сине. Тоа е делфин. Не можеш да го јадеш! “

Потоа мажите му гестикулирале дека животното е мртво. Еден од нив направил движење со раката за да имитира сечење на грлото. Сепак, на видеото се гледа и член на групата кој, се чини, се обидел да го врати мртвиот делфин во водата.

Видеото од инцидентот набрзо се прошири на социјалните мрежи, а беше покрената и интернет-петиција со која се бара лицата одговорни за настанот да бидат идентификувани и изведени пред суд.

Се верува дека мажите се дел од група од околу 72.500 мигранти кои допливале до Сеута, шпанска енклава во северна Африка, кон крајот на минатиот месец.

Локалниот весник „Ел Фаро де Сеута“ објави дека младенчето претходно пливало во близина на брегот, пред да биде извлечено од морето од групата. Според весникот, еден од мажите потоа го удрил по главата со стап.

Мажите тврдеа дека не се одговорни за смртта на животното , но Шпанецот, напуштајќи ја плажата, поразено повтори што се случило.

„Плажата чудесно уби делфин, а на главата му има крв. Па, убија заштитен вид и бебе делфин.“

Подоцна, група млади мигранти беа снимени како го носат телото на животното зад бетонски блокови на плажата. Тој дел од брегот оттогаш е претворен во импровизиран камп по масовното преминување на границата минатиот месец, што некои шпански политичари и граѓани го опишаа како „инвазија“.

Засега не е познато што на крајот се случило со телото на делфинот.

Од крајот на јули, очите на целиот свет се насочени кон шпанската Сеута, автономен регион под контрола на Мадрид на самиот север од Африка. Потоа околу 80.000 мигранти ја преминаа границата меѓу Мароко и Шпанија, по море и копно, а настаните што следеа станаа тема број еден во светот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести