back to top
20.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Никол Кидман позираше на доделувањето на наградите „Еми“ во бел фустан со пердуви: Деколтето додаде доза на сексапил (фото)

Други наслови

Синоќа, Никол Кидман присуствуваше на доделувањето на наградите „Еми“, а во таа прилика нејзината бела креација со пердуви ги привлече сите погледи на присутните.

Кидман носеше креација од Шанел која ги следеше линиите на нејзиното тело и ја нагласуваше нејзината фигура. Посебен детаљ на фустанот е длабокиот V-изрез, а по должината на деколтето и линијата на рамената фустанот е збогатен со меки бели пердуви.

Модното издание го комплетираше со опуштена и елегантна пунџа, која на изгледот му даде допир на шарм. Исто така, за оваа пригода, Кидман избра дискретни парчиња накит, па фокусот беше на нејзиниот фустан.

Кројот од страната даде доза на сексапил на ова модно издание, а Кидман го комплетираше модното издание со црни салонки.

Таа позираше расположена на црвениот тепих, а нејзината креација беше забележана. Таа се одлучи и за едноставна шминка и ги нагласи усните.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести