back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Нов лек за рак на панкреас доаѓа во Европа?

Други наслови

Медицински истражувачи од Пиза испратија барање од конгресот на ASCO во Чикаго до американската биотехнолошка компанија „Револушн медисин“ да дозволи експериментална употреба на лекот дараксонрасиб во Европа, за кој е докажано дека го дуплира преживувањето кај пациентите.

„Ја замоливме компанијата да дозволи експериментална употреба за Европа, а со тоа и за Италија, и тоа да го направи што е можно поскоро“, изјави Кјара Кремолини, раководител на програмата за испитување во Универзитетската болница во Пиза, пренесува ANSA, наведувајќи дека ова ќе им овозможи на пациентите пристап до лекот преку специјализирани центри пред официјалното одобрување.

Во меѓувреме, во САД, каде што се чека одобрение од FDA за лекот, веќе е во сила програма за проширен пристап до дараксонрасиб.

„Овој лек доведе до продолжување на преживувањето на пациентите со метастатски рак на панкреас. Следниот чекор кон кој се стремиме е да можеме да ја прошириме употребата на лекот кај пациенти во пораните фази на болеста и без метастази, со цел да се постигне лек“, нагласи Кремолини.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести