back to top
27.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Обвинителството бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов

Други наслови

Судијата Ѓоко Ристов не е во бегство и денес беше на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

По сослушувањето, обвинителот побара тој да биде во куќен притвор.

„Денес, надлежниот обвинител го сослуша осомничениот судија и ги предаде собраните докази, врз кои се темели основаното сомнение дека ги сторил делата за кои се товари.“

Оценувајќи ги објективните услови што мора да бидат исполнети за изрекување мерка за обезбедување присуство, како и субјективните услови што ја оправдуваат, обвинителот достави предлог до судијата на претходна постапка на Основниот кривичен суд во Скопје за изрекување мерка куќен притвор на осомничениот.

Покрај оваа мерка, се предлага и изрекување на прелиминарна мерка – привремено одземање на пасошот или други документи за преминување на државната граница, односно забрана за нивно издавање“, соопшти Обвинителството.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести