back to top
2.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Обид за атентат врз Зеленски?

Други наслови

Авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски речиси бил погоден од дрон при полетувањето од Молдавија, изјави денес норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, наведувајќи дека инцидентот ја прикажува „реалноста во која се наоѓа Зеленски“.

„Неговиот авион речиси беше удрен од дрон кога требаше да полета од Молдавија. Тоа е реалноста во која се наоѓа“, рече Стор.

Тој додаде дека ситуацијата во Украина е „многу драматична“ и дека „остава длабок впечаток“.

„Го прашав како ја поминал ноќта, а тој рече дека не била добра ноќ, бидејќи бил на телефон и добивал информации за тоа каде погодиле ракетите“, изјави Сторе за норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРК.

Синоќа, Зеленски  отпатува одМолдавија во Осло, за да присуствува на погребот на норвешкиот крал Харалд.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го прими украинскиот претседател во својот кабинет утрово.

Сторе изјави дека Зеленски имал средба со него, министерот за финансии Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Еспен Барт Ејде веднаш по пристигнувањето во Осло во вторник вечерта.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести