Турција ќе преземе дел од дизелот што Русија го испорачува на светските пазари во согласност со договорот постигнат со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денес турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар.
Тој изјави дека договорот за снабдување со дизел меѓу САД и Русија е важен за енергетската безбедност на Турција, објави Ројтерс.
Анкара се потпира на Русија за дел од своите енергетски потреби, како и на Иран, Азербејџан и други земји.
Турција се стреми да ги диверзифицира своите извори на снабдување преку договори со Соединетите Американски Држави и други партнери.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, европските претставници и некои од сопартијците на Трамп од Републиканската партија остро го критикуваа овој договор, потсети Ројтерс.
Турција е еден од најголемите пазари на гас во Европа, со потрошувачка од 59 милијарди кубни метри минатата година.
Земјата е речиси целосно зависна од увоз на гас, додека домашното производство минатата година изнесуваше 3,1 милијарди кубни метри, при што најголемиот дел доаѓа од полето „Сакарја“.
