back to top
9.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Оваа храна може да биде добар сојузник во борбата против високиот холестерол: Вклучете ја во вашата секојдневна исхрана

Други наслови

Високиот крвен притисок е чест здравствен проблем, а исхраната може да игра важна улога во неговата контрола. Покрај главните оброци, треба да обрнеме внимание и на тоа што избираме кога сакаме да грицкаме помеѓу нив.

Наместо чипс, переци и други солени грицки, една од подобрите опции може да бидат несолени ф’стаци. Оваа храна содржи голем број хранливи материи кои можат да придонесат за здравјето на срцето и крвните садови.

Ф’стаците се богати со калиум, влакна, антиоксиданси, растителни стероли и здрави масти. Калиумот може да помогне во одржувањето на нормален крвен притисок, додека влакната придонесуваат за здравјето на дигестивниот систем и можат да помогнат во одржувањето на соодветно ниво на холестерол.

За разлика од многу популарни грицки, ф’стаците содржат здрави масти, а можат да обезбедат и чувство на ситост. Ова ги прави практичен избор за грицкање, особено кога сакаме да го намалиме внесувањето на многу солена и масна храна.

Сепак, важно е да се обрне внимание на видот на фстаци. Најдобар избор се несолените или лесно солените сорти, бидејќи прекумерниот внес на сол може негативно да влијае на крвниот притисок.

Ф’стаците може да се јадат сами, но може да се комбинираат и со овошје. На овој начин, ужината може да содржи дополнителни влакна и други корисни хранливи материи.

Секако, ниедна храна поединечно не може да го реши проблемот со високиот крвен притисок. Урамнотежената исхрана, доволното вежбање и другите здрави навики во начинот на живот заедно претставуваат важен дел од грижата за здравјето на вашето срце.

Сепак, замената на чипсот и другите екстремно солени грицки со неколку несолени ф’стаци е едноставна промена што може да ви помогне да направите подобар избор за вашата дневна исхрана.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести