back to top
19.8 C
Skopje
вторник, 29 септември , 2026

Онколог никогаш не купува храна со оваа состојка: Обавезно проверете ја декларацијата на пакувањето

Други наслови

Онколозите предупредуваат дека конзервансите како што се натриум нитрат и нитрит во месните производи можат значително да го зголемат ризикот од рак.

Иако етикетите на предната страна од пакувањето го привлекуваат вниманието на клиентите, клучните информации за влијанието на храната врз здравјето се наоѓаат во состојките на задната страна.

Маркетинг пораките за производите, од тврдења дека се богати со протеини до тоа дека не содржат додадени шеќери, се наменети првенствено за подобра продажба.

Како да ги мизбегнете стапиците 

Поради оваа причина, д-р Џејмс му истакнува на Параде дека предната страна од пакувањето ретко покажува реална слика за квалитетот на храната. Вистинскиот увид во тоа што внесуваме во организмот може да се добие само со преглед на табелата со хранливи вредности и листата на состојки.

Посебна претпазливост е потребна со месни производи како што се сланина, колбаси, шунка и салама. Во нив редовно се користат натриум нитрат и натриум нитрит за подолг рок на траење и подобра боја. Проблемот се јавува кога овие конзерванси за време на преработката или варењето реагираат со други соединенија и создаваат нитрозамини, супстанции кои можат да ја оштетат ДНК-та и да го зголемат ризикот од рак , особено на дебелото црево.

Сепак, здравствениот ризик не доаѓа само од нитратите, туку и од целиот процес на преработка на месо, вклучувајќи го чадењето и солењето. Затоа, производите означени со „без додадени нитрати“ не се автоматски безбедни. Производителите често користат алтернативни извори во нив, како што е целер во прав, кој исто така може да формира штетни нитрозамини под соодветни услови.

 

Експертите од Американскиот институт за истражување на ракот советуваат да се намали внесот на месни производи на минимум. Доколку овие намирници досега биле редовен дел од вашето мени, нема причина за паника. Развојот на болеста зависи од голем број фактори, вклучувајќи генетика, физичка активност, пушење и целокупен начин на живот.

Избегнувајте преработена храна

Наместо да се грижите за минатите навики, фокусот треба да биде на правење поздрави избори почнувајќи од денес. Преработеното месо лесно може да се замени со интегрална храна богата со протеини, како што се риба, пилешко, мисиркино месо, грав, леќа, тофу, јаткасти плодови и семиња.

Целта не е да се бара „поздрава“ салама, туку да се свртиме кон природна и минимално преработена храна.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести