back to top
11.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

Погледнете како силен земјотрес го прекина говорот на претседателката на Мексико: Граѓаните излегоа на улиците

Други наслови

Силен земјотрес што го погоди јужно и централно Мексико ја прекина првата прес-конференција на претседателката на земјата, Клаудија Шајнбаум, во новата година, пренесува АП.

Шајнбаум, која набрзо ја продолжи својата прес-конференција, изјави дека разговарала со гувернерката на Гереро, Евелин Салгадо, која ѝ кажала дека не се пријавени сериозни штети во мексиканската држава каде што е регистриран епицентарот на земјотресот.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада Молина, објави дека 12 лица се повредени во земјотресот во тој град и дека „примени се 18 пријави за прекини на електричната енергија во различни населби“.

Мексиканската национална сеизмолошка служба претходно објави дека земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Мексико, со епицентар во јужната држава Гереро, на брегот на Тихиот Океан , во близина на тихоокеанскиот одморалиште Акапулко .

Државната агенција за цивилна заштита пријави повеќе свлечишта во областа околу Акапулко и на други автопати во државата.

Жителите и туристите во Мексико Сити и Акапулко истрчаа на улиците кога започна земјотресот, а потреси беа почувствувани и во мексиканските држави Морелос, Халиско, Оахака, Табаско и Колима.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести