back to top
22.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Погледнете што му пиша Зеленски на Трамп, неговиот „рок“ за мировниот план требаше да истече денес

Други наслови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати јавна, директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп на денот кога истекуваше неговиот „краен рок“ за одобрување на мировниот план во Украина.

Трамп, во меѓувреме, се повлече од својот ултиматум, што го натера Зеленски денес директно да му се обрати на социјалните мрежи.

„Им посакувам среќен и благословен Ден на благодарноста на американскиот претседател Доналд Трамп, првата дама Меланија Трамп и на целиот американски народ. Длабоко ја цениме целата поддршка што спаси многу животи во Украина и што ни помага да ја браниме нашата независност секој ден“, напиша Зеленски на Твитер.

„Многу сме задоволни што нашите односи се конструктивни и со нетрпение очекуваме понатамошен позитивен напредок во дипломатијата – конечно и засекогаш да се стави крај на војната на Русија против нашиот народ. Искрено се надеваме дека достоинствениот мир и гарантираната безбедност ќе станат наше заедничко достигнување“, додаде Зеленски.

Да потсетиме дека во изминатите десет дена интензивно се зборуваше за мировниот план за Украина, а кратко откако планот беше објавен во медиумите, американскиот претседател изјави дека ѝ дал на Украина ултиматум да одговори на планот до Денот на благодарноста, или до денес.

Сепак, пред два дена, Доналд Трамп изјави дека „Украина нема рок да го прифати првично подготвениот предлог од 28 точки“.

„Крајниот рок за мене е кога ќе биде готово“, им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на 25 ноември. Тој додаде дека американските преговарачи постигнуваат напредок во разговорите и со Москва и со Киев, велејќи дека Русија се согласила на „некои отстапки“, иако не даде детали.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести