back to top
9.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорге Жесус е тренер

Други наслови

Според португалскиот новинар Руи Сантос за CNN Portugal, Кристијано Роналдо (41) не планира да се врати во националниот тим сè додека тренерот Жорже Жесус е на чело.

Сантос откри нови детали за конфликтот меѓу првата ѕвезда на тимот и искусниот стручњак.

Конфликтот ескалираше откако Роналдо го гледаше целиот натпревар против Норвешка, одигран на 27 септември, од клупата.

Тоа беше прв пат во последните 18 години тој да не добие ниту една минута на теренот во натпревар за Португалија. После тоа, тој пропушти три тренинзи и го напушти кампот на репрезентацијата пред преостанатите два натпревари во тој циклус.

„Се наведува дека рекол дека нема да се врати во репрезентацијата сè додека Хорхе Хесус е селектор. Тој е исклучително незадоволен од начинот на кој се водеше целиот овој процес, а особено беше налутен од изјавите на Хесус“, истакна Сантос.

Откако го напушти кампот, Роналдо објави изјава на Инстаграм во која јасно стави до знаење дека е незадоволен од ситуацијата.

„По прес-конференцијата на селекторот на репрезентацијата и по разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, решив да го напуштам кампот на репрезентацијата. Кога ќе дојде време, ќе им ја кажам на сите Португалци вистината за причините што доведоа до моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум бил целосно посветен. Сега е време да им посакам среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, рече Роналдо.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести