back to top
3.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

По 25 години, средното полициско училиште во Македонија повторно ќе се отвори

Други наслови

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека Средното полициско училиште ќе се врати од септември 2026 година.

Одговарајќи на новинарски прашања за тоа како тоа ќе функционира во пракса, Тошковски најави загарантирано вработување за сите оние што ќе завршат средно полициско училиште.

„Сите оние кои во иднина ќе се запишат на полициската академија во рамките на средното полициско училиште и успешно ќе ја завршат, ќе бидат дел од структурите на Министерството за внатрешни работи, што значи дека вработувањето во Министерството за внатрешни работи е загарантирано.“

„За почеток, планирано е во рамките на специјализираното средно полициско училиште да се интегрираат оние ученици кои ќе ја завршат втората година во рамките на други средни училишта, што значи дека ќе ја започнат третата и четвртата година од образованието во средното полициско училиште“, рече Тошковски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести