back to top
7.8 C
Skopje
четврток, 26 ноември , 2026

Филипче потврди: Битиќи ќе биде потпретседател на СДСМ

Други наслови

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потврди дека Фатмир Битиќи ќе биде новиот потпретседател на партијата, во гостување на 4ТВ, зборувајќи за застапеноста на различните етнички заедници и концептот „Едно општество за сите“.

„Ќе имаме потпретседател, Фатмир Битиќи, кој е Албанец“, рече Филипче, истакнувајќи дека партијата има и член Албанец во Извршниот одбор, како и заменик од влашката заедница.

Тој нагласи дека СДСМ останува посветена на концептот „Општество за сите“ и дека етничката припадност не треба да биде мерка за вредноста и способностите на една личност.

„Без разлика дали си Македонец, Албанец или Турчин, не е важно. Важно е каква личност си, колку си вреден, колку си образован, колку придонесуваш за општеството“, рече Филипче.

Зборувајќи за меѓуетничките односи, лидерот на СДСМ рече дека Македонците и Албанците не се непријателски нации.

„Ние не сме непријателски нации, затоа политиката треба да интервенира, да нè смири“, рече тој.

Според Филипче, соживотот на Македонците и Албанците во земјата може да биде пример за светот. Тој додаде дека политиките треба да создадат услови граѓаните да напредуваат според образованието, знаењето и професионалните вештини.

Како споредба, тој ја спомена Швајцарија, каде што, според него, за добивање добро платена работа, важни се квалификациите и познавањето јазици, а не националноста.

„За ова се бориме јас и СДСМ“, рече Филипче.

На прашањето за повторното отворање на темите за балансерот, Бадентеровото мнозинство и употребата на албанскиот јазик, тој оцени дека станува збор за прашања што претходно биле затворени. Изрази сомнеж дека нивното враќање во политичката дебата служи за одвлекување на вниманието од другите проблеми.

„Дали е логично да се праша дали ова не е намерно, бидејќи нема одговори на другите прашања?“, рече Филипче

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести