back to top
27.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Пристигнуваат морничави снимки од Шпанија! Претседателот итно проговори: Се случи нешто многу чудно

Други наслови

Во сериозна железничка несреќа што се случи во недела попладне во градот Адамуз, во покраината Кордоба, загинаа најмалку 39 лица, додека голем број патници беа повредени, објавува весникот „Ел Паис“.

Според последните информации, околу 170 лица се повредени, од кои 75 се згрижени во болници. Петнаесет повредени се во тешка состојба, меѓу кои и четири деца.

Судир на два брзи возови

Несреќата се случила кога неколку вагони од брзиот воз „Ирио“, кој сообраќал на линијата Малага-Мадрид со околу 300 патници, излетале од шините и се судриле со воз на „Алвија“, кој сообраќал во спротивна насока кон Хуелва со 184 патници.

По судирот, неколку вагони од вториот воз паднале по насип висок околу четири метри, што уште повеќе го отежнало пристапот на спасувачките екипи, објави андалузискиот министер за претседателство.

Истрага за причините за несреќата

Шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте, ја опиша трагедијата како „исклучително чудна“, нагласувајќи дека несреќата се случила на рамен дел од железничката пруга, која беше реновирана во мај годинава.

 Сè укажува дека истрагата ќе мора детално да испита како се случила таква трагедија на технички исправен дел –  рече Пуенте, додавајќи дека очекува причините наскоро да бидат разјаснети.

Државниот врв реагираше

Претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуан Мануел Морено, го посети местото на несреќата во недела навечер.

– Утре ќе имаме посигурни податоци, како за бројот на жртви, така и за бројот на повредени –  рече Морено.

Поради обемот на трагедијата, премиерот Педро Санчез ги откажа сите обврски за понеделник, вклучително и планираната средба со лидерот на опозицијата Алберто Нуњез Феиха.

Несреќата е една од најлошите железнички трагедии во Шпанија во последните децении и го покрена прашањето за безбедноста дури и на најмодерните железници во земјата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести