back to top
2.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Пронајден забранет пестицид во македонски црвени пиперки во Хрватска: Предизвикува оштетување на црниот дроб и бубрезите

Други наслови

Високо ниво на забранет пестицид метомил, кој е токсичен за луѓето е пронајден во македонски зеленчук извезен во Хрватска. Загрепските медиуми објавија дека се работи за свежи црвени пиперки за ајвар.

Европскиот орган за безбедност на храната информира дека здравствениот ризик бил сериозен.

– Анализите покажале дека во македонските пиперки за ајвар имало 0,049 милиграми на килограм метомил. Инспекторите наредиле повлекување, но не се наведува каде се продавале сомнителните пиперки. Проблемот е што примероците од пиперки биле анализирани на 23 септември, а известувањето пристигнало на почетокот од месецов. Така што голем дел од зеленчукот веројатно веќе е изеден.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести