Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека рускиот претседател Владимир Путин, за време на телефонски разговор, му понудил помош во војната на Соединетите Американски Држави со Иран, особено околу збогатениот ураниум.
„Тој би сакал да помогне. Реков, пред да ми помогнете, сакам да ја завршам вашата војна (во Украина )“, изјави Трамп за Си-Ен-Ен.
Трамп рече дека разговорот со Путин бил „многу добар“ и дека решението за конфликтот во Украина ќе дојде „релативно брзо“.
Во врска со неговата намера САД да ги отстранат залихите од збогатен ураниум што ги има во Иран , Трамп изјави дека Путин во разговорот му рекол оти би сакал да биде вклучен во прашањата околу збогатениот ураниум.
„Тој може да ни помогне да го добиеме тоа“, рече Трамп.
Москва претходно предложи да се преземе контролата врз залихите на збогатен ураниум на Иран.
Трамп денес не ја исклучи експлицитно можноста Иран да го снабдува својот ураниум со Русија, но посочи дека е повеќе заинтересиран за решавање на војната во Украина.
„Го познавам (Путин) долго време. Мислам дека беше подготвен да склучи договор пред некое време. Мислам дека некои луѓе му го отежнаа постигнувањето договор“, заклучи Трамп.
