back to top
4.8 C
Skopje
вторник, 24 ноември , 2026

Регистриран нов лек против рак на дојка и желудник: Надеж за 17.000 пациенти

Други наслови

Руската фармацевтска компанија „Мабскејл“ го регистрираше биотехнолошкиот лек „трастумит“ наменет за лекување на одредени видови рак. Лекот ќе ги спаси животите на 17.000 пациенти во Русија.

Лекот е развиен и целосно произведен во фабриката на компанијата во градот Тољати, во Самараската област, објави руската агенција Тасс.

„Трастумит“ е наменет за третман на HER2-позитивен рак на дојка и HER2-позитивен метастатски рак на желудник, според соопштението на компанијата.

Експертите на компанијата „Мабскејл“ ги спроведоа претклиничките и клиничките тестови потребни за регистрација на лекот.

„Трастумит“ ќе обезбеди пристап до терапија што спасува живот за 17.000 пациенти во Русија, проценува компанијата. Лекот ќе се појави на пазарот во форма на лиофилизат за подготовка на концентриран раствор за инфузија. 

Комерцијалното лансирање на „трастумит“ е планирано за наредните месеци. 

„Мабскејл“ е компанија со заокружен производствен циклус, чие портфолио вклучува повеќе од 25 биотехнолошки лекови во различни фази на развој и регистрација, вклучувајќи лекови за третман на рак, според Тасс.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести